Соопштение за јавност
Сите фокуси на Владата се насочени кон справување со економската криза, која владее во овој период, затоа донесуваме закони и мерки за заштита на достоинствениот живот на граѓаните, истакна членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Таа го истакна триумфот на СДСМ со зголемувањето на минималната плата, која има за цел да ги извлече граѓаните од прагот на сиромаштијата.
Факт е дека потрошувачката кошничка е зголемена за 9 отсто, а минималната плата е удвоена, зголемена за 100 отсто и таа ги задоволува и ги следи тенденциите кои ја зголемуваат потрошувачката, рече Серафимовска.
Таа истакна дека опозицијата не треба да шири паника, туку е чесно да признае дека зголемувањето на минималната плата е потребно и да го поддржи, со цел на граѓаните да им се влее доверба дека нешто стабилно и сигурно се случува.
ВМРО-ДПМНЕ сакаат со дефетизам и популизам, нешто што е добро да го миноризираат, а грижата за граѓаните е неспорна и сите ја чувствуваат, нагласи членката на ИО на СДСМ Мелиса Ценовска Серафимовска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.