fbpx

Ковачевски за настапите на Мицкоски: На еден професор речникот треба му да биде на повисоко ниво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лидерот на опозицијата често користи фрази и зборови кои што мене не ми се својствени и затоа нема да говорам какви преговори се водат во духот на таков речник истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија, одговарајќи на прашањето околу обвинувањата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија.

„Мислам дека речник на еден универзитетски професор треба да биде сепак на повисоко ниво, тоа е добро и за политичкиот дијалог меѓутоа и за тие кои гледаат што кажуваат политичарите. Прво, сите разговори кои се водат со Бугарија најтранспарентно се споделуваат со јавноста, тоа министерот за надворешни работи го направи преку свое излагање кое траеше половина работен ден во комисијата за надворешни работи во Собранието а исто така сите работни групи кои работат со колегите од Република Бугарија веднаш по завршувањето на својата работа, а тука зборуваме за економија, за инфраструктура, култура, образование, европски интеграции, веднаш информираа на заеднички прес конференции за она што е договорено и она што планира да се реализира па дури и што е реализирано. Бидејќи дел од работите што се ветија на првата средба која ја имавме со премиерот на Бугарија веќе се реализираат.“ заклучи претседателот Ковачевски.

Последни вести