fbpx

Во ВМРО-ДПМНЕ постои само штаб за обнова на режимот, затоа Мицкоски не знае дека платите на лекарите специјалисти од месецов растат за 25%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски

 

 

Во ВМРО-ДПМНЕ постои само штаб за обнова на режимот и одбрана на криминалот, раководен од извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски.

Криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, немаше лекови, клиниките и болниците беа руинирани и во големи долгови, со неупотреблива опрема и дефицит на медицински кадар.

Згора на тоа, ВМРО-ДПМНЕ го намали капитациониот бод на матичните лекари и ги намали нивните приходи.

Затоа извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо во интерес на граѓаните, најмалку во здравството.

Во СДСМ веќе одамна постои штаб за качување плати и неговите резултати се потврдени преку официјални податоци.

Мицкоски се обидува да им ветува на специјалистите нешто што СДСМ го оствари.

Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто. Кулулативно, за две и пол години, лекарите специјалисти ќе имаат за 40 отсто повисоки примања, општите лекари за 25 отсто, сестрите за 20 отсто, а здравствените соработници за 15 отсто.

Наместо да чека инструкции од Будипмешта и да го брани криминалот, го упатуваме извршителот Мицкоски да ги прочита извештаите на Државниот завод за статистика, таму може да види со какво позитивно темпо растат платите во овие две и пол години, како во здравството така и во сите останати сектори.

На извршителот Мицкоски треба да му биде јасно дека нема враќање назад. На 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!

Последни вести