fbpx

ВМРО-ДПМНЕ еден ден зборува едно друг ден друго, блокира поголеми плати за наставниците во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ останува посветена на унапредување на животниот стандард на граѓаните. Следува усвојување на законот за зголемување на минималната плата, по што од први април 80.000 граѓани ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Растот на минималната плата ќе доведе и до раст на останатите плати. Затоа се важни измените на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, што ВМРО-ДПМНЕ ги блокира цела година.

ВМРО-ДПМНЕ намерно пласира дезинформации во јавноста во врска со овој Закон, лажејќи дека со ова законско решение нема да се зголемат платите во образованието.

Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ оди до таму што пратениците од оваа партија поднесуваат паушални законски решенија идентични на оние кои ги блокираат.

Загубени во своите блокади пратениците на ВМРО-ДПМНЕ еден ден зборуваат едно, друг ден друго и дејствуваат на штета на граѓаните.

За СДСМ интересите на граѓаните се на прво место и ќе направиме се за овие измени да бидат донесени да обезбедиме подобар жвотен стандард за граѓаните и покрај деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

https://fb.watch/bkhxVSeoUL/

Последни вести