Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ успешно и во услови на криза изнаоѓа решенија кои ќе значат подобрување на стандардот на граѓаните во нашата држава, а во овој правец е и предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, истакна пратеничката на СДСМ Лолита Ристова при обраќање во Собранието.
Во текот на расправата посветена на предлог законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата, Ристова нагласи дека со зголемување на минималната платата на 18.000 денари, исполнето е уште едно ветување дадено пред граѓаните.
Последното покачување на минималната плата на 18.000 денари, е постигнато преку отворен, транспарентен и конструктивен дијалог со социјалните партнери – работниците и претставниците на работодавачите и веќе со платата за март 80.000 работници ќе добијат зголемени месечни примања за околу 45 евра, рече Ристова.
Таа додаде дека со измените на законот се променети критериумите за методологијата за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, а според третиот критериум, кој е новина, висината на минималната плата нема да може биде пониска од 57% од просечната плата објавена според државниот завод за статистика.
Таа нагласи дека со две минимални плати се покрива просечната месечна потрошувачка кошничка, додека во 2015 година за покривање биле потребни 4,2 минимални плати.