Соопштение за јавност
Пресудите во предметот Титаник го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврди дека постоело злосторничко здружение кое ја фалсификувало волјата на граѓаните, вршело изборен поткуп, злоупотребувало пари и институции и незаконско финансирало изборни кампањи.
По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал.
Во Титаник обвинети се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.
Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.
Во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски, но луѓе за кои има други обвиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.
Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлечат.
СДСМ апелира на ефикасна истрага и завршница на процеси против поранешни и актуелни политичари без разлика дали се на власт или во опозиција.