fbpx

Со навремени мерки го штитиме стандардот, граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од залихи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Со издржани и навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните од ценовните шокови како последица на глобалната енергетска криза.

Во оваа насока, ограничени се маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Претходно, цените на овие производи беа замрзнати.

Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од правење залихи. Основните производи и сите останати артикли ги има и ќе ги има во доволна количина, а нивната цена нема да се зголеми драстично.

Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно, се следи внимателно ситацијата и доколку има потреба државата ќе интервенира.

Во моментот нема потреба од тоа, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 1 месец, не вклучувајќи ги деновите кои може да се покријат преку државните резерви.

Владата и институциите предводени од СДСМ во континуитет, постојано преземаат конкретни мерки кои го штитат и унапредуваат стандардот на граѓаните.

Тоа е особено важно имајќи ги предвид глобалните кризи во делот на економијата и енергетиката.

Владата предводена од СДСМ им помага на домаќинствата и во справување со зголемувањето на цената на електричната енергија.

Намалено е ДДВ за струјатата од 18 на 5%, рестарирани се сите капацитети и нема увоз на скапа струја, државата ги сибвенционира граѓаните со што спречивме големо покачување на струјата.

Скоро 7.500 семејства добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, а се подготвува и нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Новонастанатата ситуација со војната во Украина и последиците од неа врз глобалната економија, се следи внимателно и навремено се реагира, со издржани и реални мерки, и што е многу важно врз основа на претходно направени анализи за ефектите и финансиските импликации.

Владата веќе подготвува обемен пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи и тие издржани и реални мерки ќе се најдат наскоро пред пратениците.

Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира со лицитирање на бројки, со паушални предлози, туку ќе ги поддржи, затоа што тие ќе бидат од помош за граѓаните и домашната економија.

 

Последни вести