fbpx

Апсурдни се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нема кршење на Уставот, ќе сториме се за да ги надминеме блокадите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Огромен апсурд е тврдењето дека сега овде во Собранието се силувале Уставот, Деловникот и законите, и тоа е тврдење на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го спроведе 24 декември и насилниот упад од 27 април, порача пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на денешната собраниска седница.

Костовски истакна волјата на граѓаните од изборите и односот меѓу парламентарното мнозинство и опозицијата во Собранието мора да се преслика и во работните тела, односно во Комисијата за избори и именувања.

„Како одговорна власт, ќе сториме се за да ги откочиме блокадите и оваа комисија конечно да почне со работа. Владата и парламентарното мнозинство имаат полн легитимитет и работат посветено во интерес на граѓаните и државата, а избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година.“ заклучи Костовски.

Последни вести