Соопштение за јавност
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подолг период се обидуваат на секаков можен начин да ја опструираат работата на Собранието, блокираат закони важни за граѓаните а блокираат и работа на собраниските комисии.
Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции.
Една од нив, секако е и Уставниот суд, важна, независна инситуција, која со месеци работи во нецелосен состав.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не сака функционален независен судски систем.
После пресудите и признанијата во Титиник, со коишто се потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, правдата најмногу и смета на оваа опозициска партија.