fbpx

Каевски: Императив на Владата е заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се однесува недржавнички

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека оваа влада во изминатиот период, кога се државата се соочуваше со големи кризи, кога започна здравствената и енергетската криза, излезе со сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните во нашата држава.

И во таа насока, верувам и сега дека во текот на следниот ден владата ќе излезе со десетина мерки кои ќе бидат во насока да го подобрат и зачуваат стандардот на граѓаните. Важно е граѓаните да бидат спокојни, затоа што сето она што ќе се донесе во текот на утрешниот ден ќе биде во насока да го заштити стандардот. Тоа е нешто што е императив на оваа Влада, нагласи Каевски.

Тој додаде дека кога целиот свет се соочи со пандемијата, кога енергетската криза се случува во цела Европа, а градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ се правеше ненадлежна за се само не за она што и е работа, СДСМ и Владата изнајде начин и покри, субвенционираше дел од средствата кои што треба да се субвенционираат и сега скопјани ниту имаат недостаток на топлинска енергија, ниту на електрична енергија.

Тоа сето беше помогнато и поддржано од владата со сериозен план и таков е начинот на кој што треба да пристапуваме, нагласи Каевски, додавајќи дека опозицијата седи настрана и критикува.

Многу е лесно да седите на страна и само да критикувате. Во ниту еден момент ВМРО – ДПМНЕ не излезе да повика на масовна вакцинација. До ден денеска немате став за многу работи. Немате став за одредени прашања, единствено нешто што правите е да ширите дезинформации и да сакате да влевате паника кај граѓаните се со цел да добиете некој политички поен, рече Каевски.

Тој потсети дека за ВМРО-ДПМНЕ има отворено предмет, Титаник, каде што претходни највисоки партиски функционери признаа криминал и корупција, признаа дека украле пари, признаа дека местеле избори, признаа дека ги правеле најлошите работи и сега од ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат дека не се од таа структура.

Не смееме да дозволиме опозициона партија, кога се наоѓаме во вакво исклучително време, време во кое се соочуваме со кризи, да има недржавничко однесување. Да има однесување како во денот да добие некој политички поен, а да наметне паника кај граѓаните, порача пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести