fbpx

Сите пратеници да ги поддржат новите мерки на Владата за помош на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ донесе сеопфатен пакет од 26 антикризни мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од глобалната економска и енергетска криза.

За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони.

Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните што ги избрале да дадат поддршка на овој пакет економски мерки во вредност од 400 милиони евра.

Покрај мерките за намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедена е поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, да ја признае успешноста на пакетот мерки и во Собранието да ги изгласа потребните закони за нивна реализација.

Последни вести