Соопштение за јавност
Сеопфатниот пакет од 26 антикризни мерки донесен од Владата предводена од СДСМ, кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и ќе му помогнат на стопанството брзо да ги надмине негативните ефекти од кризите, денеска ќе се најде пред пратениците.
За реализација на клучните мерки потребни се измени и дополнувања на одредени закони.
Сите пратеници имаат одговорност и обврска пред граѓаните кои им ја дале довербата да дадат поддршка на новите антикризни мерки кои тежат 400 милиони евра.
Антикризните мерки опфаќаат намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедување поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите и да го поддржат пакетот мерки со цел да се изгласаат потребните закони за нивна реализација.