Признанието на Арсовска за диловите на Мицкоски нова причина институциите да го истражат случајот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Арсовска вчера ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје.

Арсовска нема одговор од кого Мицкоски добил овластување и во кое својство, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.

Јавноста заслужува да знае дали реализацијата на проектот БРТ за еколошки и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?

Признанието на Арсовска отвара сериозен сомнеж за корупција и криминал и претставува дополнителна причина надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај.