fbpx

Кризата е голема и глобална, со антикризните мерки 400 милиони евра враќаме кај граѓаните и фирмите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кризата е голема и глобална, со антикризните мерки 400 милиони евра враќаме кај граѓаните и фирмите

Цените на горивата драматично расте и во регионот, како во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, но растат и во Холандија, во Германија и Шпанија и вие пратениците од ВМРО-ДПМНЕ добро знаете зошто е тоа така, затоа е важно да им помогнеме на граѓаните, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

„Факт е дека ги замрзнуваме маржите, дека ги субвенционираме фирмите преку олеснувања и бескаматни кредити, дека воведуваме автономна мерка за царински давачки. Факт е дека имаме 26 мерки вредни 400 милиони евра и сите беа јавно објавени и сите ќе бидат реализирани.“ порача Митрески.

Митрески истакна дека сега не е време за политиканство туку за помош на граѓаните.

„Дали вие сте предложиле ист закон или не не е важно, во оваа битка сме сите заедно, сега не е време за евтини политички поени туку е време да им помогнеме на граѓаните„ заклучи Митрески.

 

Последни вести