fbpx

Ковачевски: Единствен приоритет на Владата сега е да го заштитиме стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во видео обраќање.

Претседателот Ковачевски истакна дека новата Влада за само 50 дена од мандатот, преку сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

„Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржавме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите.

Свесен сум дека за никој нема да биде лесно, но кризата за жал е нешто што ги погоди сите граѓаните на Европа па и светот. Јас и сите членови на Владата и институциите ќе продолжиме посветено и ефикасно да носиме мерки за заштита на животниот стандард, за унапредување на животот на граѓаните и поддршка за стопанството.

За крај, сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните, максимално одговорно да ги трошат државните пари. Нема да има разбирање и оправдување за ниеден функционер кој неодговорно ќе го троши буџетот со кој располага.

Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме.“ порача претседателот Ковачевски во своето видео обраќање.

 

Последни вести