fbpx

Директорката на градинката „Детска радост“ вратена на работа, се покажа дека нејзиното разрешување од страна на градоначалникот Стефковски било незаконско

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По укажување на Министерството за труд и социјална политика за постоење материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината, Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја врати на работа директорката Анета Петреска.

Со ова се потврди дека нејзиното разрешување било незаконско, со бројни прекршувања на постапките од страна на градоначалникот Стефковски, она за што јавно говореше и СДСМ.

Ја поздравуваме брзата и ефикасна реакција на надлежните институции, времето на градоначалници – шерифи кои незаконски отпуштаат и деградираат луѓе од работни позиции, исклучиво заради партиски интереси е завршено.

Последни вести