fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже, цените на горивата се намалуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и се обидува да предизвика страв и паника кај граѓаните, не можејќи да се помири со фактот дека антикризните мерките на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати.

Веднаш по стапувањето на сила на пакетот од 26 антикризни мерки, во вредност од над 400 милиони евра, цените на нафтените деривати почнаа да се намалуваат.

Благодарение на намалената акциза и ДДВ за горивата, граѓаните во нашата држава точат гориво по најниски цени, додека цените на нафтените деривати во државите од регионот растат.

Наместо да ја лаже и да ја плаши јавноста ВМРО-ДПМНЕ ако толку е загрижена за економската состојба, да ги повика своите градоначалници да се откажат од парите за партиски вработувања и да почнат да се грижат за граѓаните.

Последни вести