fbpx

Заев: Развој на индустриската зона Визбегово и флексибилни царински мерки се дел од заедничките решенија во интерес на економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Денешната средба е за да дискутираме за сето тоа што е важно за домашните субјекти, претставени преку Комората на Северо-Западна Македонија. Тоа што ќе ни го укажат коморите од нивното секојдневие, ќе биде вградено во изборната програма, која верувам ќе се преточи во владина програма, за да можеме да работиме поефикасно и поуспешно во имплементацијата на создавањето на подобри економски услови во нашата земја, за нашите компании“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во изјавата за медиуми непосредно пред работниот состанок со стопанственици членки на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Во рамки состанокот, претседателот на СДСМ Зоран Заев ги потврди заложбите за поддршка и соработка во функција на интензивирање на економскиот раст на земјата како важна цел за раст на приватниот сектор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Целта е да се создадат услови кои значат поголема мотивација на компаниите да инвестираат, да создаваат профит, а со тоа да расте бруто домашниот производ (БДП), трговијата и извозот, да се отвораат повеќе квалитетни и добро-платени работни места“, подвлече претседателот Заев осврнувајќи се на темите од интерес за надминување на одредени состојби со кои се соочува бизнис заедницата како правната сигурност, ефикасната јавна администрација, подобрувањето на пристапноста и создавањето на современ скијачки центар во Попова Шапка, како следни предизвици за кои треба да се создадат долгорочно одржливи решенија.

Во таа насока претседателот Заев ја истакна важноста на потпишување на договорот со кој започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце, особено економската важност за индустриската зона Визбегово, со што ќе се подобрат условите за компаниите кои функционираат таму.

„Патот Скопје – Блаце не води до Република Косово, која што е важен стратешки партнер каде што имаме суфицит во делот на трговијата , односно повеќе извезуваме отколку што увезуваме. Со Косово имаме компатибилно стопанство и ова се доволни причини за изградба на патот согласно процесот на урбанизација на индустриската зона Визбегово. Сме во подготовка на потпишување на договорот за one stop shop на граничниот премин на Ќафасан. Сум информиран од премиерот Спасовски дека службите ги привршија работите, и сето тоа ги застапува интересите на бизнисмените кои членуваат во комората. Редовно ги следиме потребите и барањата на стопанството и реагираме преку соодветни мерки и решенија. Една од нив секако се флексибилните царински мерки“, заокружи претседателот Заев и увери дека ќе продолжат преговорите за изнаоѓање на заеднички решенија кои ќе бидат во интерес на економијата, државата, стопанствениците и работниците.

 

Последни вести