fbpx

Кај што се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски таму се и лажните вести, очајот и стравот од извесниот пораз кулминираат во белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да се промени. ВМРО-ДПМНЕ никако да сфати дека помина времето кога политичарите ги користеа меѓународните релации за личен и партиски профит. Начин на функционирање на  режимското владеење, а кое се потврди во многу аудио снимки од незаконското прислушување.
 
Шемата од подрумите на ВМРО ДПМНЕ за ширење лажни вести е очигледна и добро разработана. Откако узурпираа медиуми со корупција станаа и нивни уредници, па прво пуштаат вести во медиумите што ги контролираат, па потоа истото го повторуваат од партиска говорница.
 
И така вртат во кругот на лаги и измислици.
 
СДСМ веќе ја демантираше веста за поврзаноста и средбите на претседателот Заев со бизнисменот од Либија, што го споменува ВМРО ДПМНЕ.
 
Претседателот Заев, ниту некогаш се сретнал со него, ниту пак е нечиј партнер.
 
Мрежата на ширење на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ е добро позната и редовна пракса на белиот дворец. Впрочем, целото функционирање на партијата и нејзиното делување почива врз криминал и врз нелегално стекнати пари.
 
ВМРО ДПМНЕ е партијата која има неплатени 400.000 евра во претседателската изборна кампања, за ВМРО ДПМНЕ се водат две постапки во судот за нелегално финансирање на партијата, едната со лажните уплатници со донации и другата со криминалната изградба на партиската палата.
 
Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги кочи сите процеси и законски решенија кои се во интерес на граѓаните и државата  подобро би било да започне да учествува во процесот за градење на правна држава, како на пример да го поддржи Законот за јавно обвинителство, за да може сите одговорни за кривични дела да се соочат со правдата.
 
Но, тоа за ВМРО-ДПМНЕ е непозната во равенката која не знаат како се решава.
 
На 12-ти април ќе победат вистината и правдата. Граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе!
Последни вести