Соопштение за јавност
Државата смогна сили да направи попис по 20 години, што е скандалозно и срамотно, а дополнителен аргумент е дека навистина треба да се респектира тоа што се влезе во една ваква операција во едно комплицирано време, во време на пандемија, со употреба на комбиниран модел, со употреба на можност за онлајн, меѓутоа и со физичко присуство, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Тој нагласи дека државата покажа една спремност да се организира попис на начин како што треба, додавајќи дека пописот е статистичка операција и и треба да е статистичка, а кај нас се политизира од многу причини.
Ги ценам забелешките во врска со помалите етнички заедници, сето друго се некои логични проекции на населението.
Тој смета дека треба да се постави прашање за сите наназад 30 години зошто има помалку луѓе и да се праша зошто 135.000 луѓе одлучиле да не се попишат , до што доведоа бројните повици пред тоа и треба да се повикаат на одговорност оние кои тогаш тоа го правеа, наместо да помогнат во операцијата изведена во комплицирани услови, а сега го минираат и немаат став.
Најлоша услуга што може да се направи на државата е да се сведат работите на етничка димензија, кога пописот е статистичка операција, не треба да се плука и етикетира еден процес, кој не беше спроведен 20 години наназад, смета Петров.
Тој истакна дека пописот исправа некои работи, на пример во општина Карпош, која имаше 51.000 жители, сега има 55.000 што исправа една неправда и граѓаните ќе имаат повеќе советници.
Во секој случај според меѓународни експерти таа операција е изведена на врвен начин и дека тоа е еден од најмодерните пописи спроведени во светот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.