Соопштение за јавност
Во интервју за емисијата „360 Степени“ претседателот
на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека со сетот антикризни мерки им се помага на граѓаните и се штити нивниот економски стандард од ценовни шокови.
„Во време на криза мислиме на ранливите категории
граѓаните, затоа обезбедивме дополнителни 1.000 денари, мислиме на пензионерите и ги покачуваме пензиите, мислиме и на оние работници кои беа на минимална плата и затоа ја зголемивме минималната плата“ посочи Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека се преземаа
навремени чекори со кои се спречија нови ценовни шокови за граѓаните.
„Ако не ги преземевме овие мерки, во однос
на намалувањето на ДДВ од пет на нула отсто на основните продукти, да не беше тоа намалување, граѓаните во просек секој месец ќе мораа да плаќаат по 1.500 денари повеќе. Ако немаше намалување на ДДВ за нафтените деривати, на просечна потрошувачка, секој граѓанин
ќе плаќаше 300 денари повеќе. Ако не направевме субвенционирање на производството на струја и на цената на струјата која ја субвенционираме 80 отсто, сметките за струја за секое семејство ќе беа за 2.150 денари месечно“ посочи претседателот Ковачевски.