fbpx

Ковачевски: Обезбедивме двојно поголема минимална плата и рекорден раст на пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „360 Степени“ на Телевизија Алсат истакна дека и во време на криза Владата предводена од СДСМ успеа да ја зголеми минималната плата и да договри рекорден раст на пезниите. Дополнително, додаде Ковачевски, со мерките вредни 400 милиони евра владата спречи ценовни шкови и го заштити стандардот на граѓаните, а им помогна и на компаниите.

– За работниците кои добиваа минимална плата ја зголемивме минималната плата и таа сега е двојно повисока од онаа што беше пред неколку години, успеавме да обезбедиме и рекорден раст на пензиите, но и дополнителна помош за пензионерите и семејствата во социјален ризик, порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потсети дека антикризните мерки вредни 400 милиони евра даваат резултати во заштита на стандардот на граѓаните и дека во следниот период ќе биде објавена и детална анализа за ефектите на овие антикризни мерки.

-Во однос на економијата значи сите овие мерки ако ги, ние сега праиме анализа и таа ќе биде објавена, кои се ефектите од овие мерки, доколку не беа овие мерки во однос на намалувањето на ДДВ-то од 5% на 0% на основните прехранбени продукти, со тоа намалување, да не беше тоа намалување граѓаните ќе мораа месечно да плаќаат по 1500 денари плус, доколку не беше намалувањето на ДДВ-то на енергенсите претежно тука мислам на нафтата и нафтените деривати, само по тој основ без намалување на акцизата секој граѓанин на просечна потрошувачка пресметано ќе плаќаше 300 денари повеќе секој месец, кај електричната енергија доколку не се направеше субвенционирање на производството на електрична енергија и на цената на која што ја плаќаат граѓаните значи 80% ја субвенционира државата, сметките за струја на секое семејство ќе беа за 2150 денари повисоки и тоа е резултатот на мерките, рече Ковачевски.

Последни вести