Соопштение за јавност
Во изминатите месеци се повеќе на виделина излегува неодговорноста и лошото управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија.
Додека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, под знак прашање е доведено функционирањето на ЈП Лајка.
Вработените во Лајка со месеци немаат земено палата, нема набавки на храна и медицински материјал.
ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во време на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.
Поради недомаќинско работење и лошо менаџирање од Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.
Наместо парите од буџетот на градот, Арсовска да ги користи за партиски вработувањa, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот.