Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на глобална економска криза.
Со неколку мерки од пакетот вреден 400 милиони евра, сериозно ги намалуваме трошоците на семејствата на месечно ниво.
Семејствата заштедуваат околу 1.500 денари преку мерката за намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти.
Преку субвенционирањето на сметки за електрична енергија сметките за струја на едно просечно семејство денес се пониски за 2.150 денари, а намалувањето на ДДВ за горивата обезбедува месечна заштеда од околу 300 денари.
Дополнително на ова, воведова тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.
И во време на криза платите растат минималната плата сега изнесува 18.000 денари што значи дека сега за да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка потребни се две минимални плати, додека пред само четири години за ова беа потребни 4,5 минимални плати.
Согласно Законот за минимална плата следи и соодветно зголемување на платите во сите сектори.
Во време на светска економска криза, продолжуваме со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.
Остануваме посветени на креирање и реализација на мерки што го штитат животниот стандард на граѓаните и обезбедуваат помош за домашната економија.