fbpx

Велеа нема да сечат а Тимчо и Данела направија масакар на дрвја во Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Антонио Стојановски од СДММ Аеродром

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Додека секојдневно Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен.

Се наоѓаме на улицата „Васко Карангеловски“ каде вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.

Само да потсетиме дека пред локалните избори градоначалникот Муцунски вети пред граѓаните дека ќе се спротивставува на секоја сеча на дрва во градот и општината.

Од тука прашуваме каде беше вчера градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото и да ги поддржи граѓаните во нивните спротивставувања на сечата на овие дрва, впрочем како што ветуваше токму од овде пред локалните избори. Зошто свесно ги лажеше граѓаните на општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски?

Исто како и Муцунски, и градоначалничката Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрва и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата на овие дрва?

Почитувани,

Муцунски исто така ја лажеше јавноста пред локалните избори дека наводно ќе изврши бришења на градежни маркици, а денес гледаме дека воопшто нема таква намера.

Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри.

Ова е само дел од она што Муцунски го прави за само 6 месеци од неговиот мандат.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат ваков градоначалник кој работи против интересите на граѓаните.

Ви благодарам.

Последни вести