Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со денови молчат.
Никако не се изјаснуваат за тоа што нивниот почесен претседател и вистински шеф, и криминалец во бегство, Никола Груевски се најде на Црната листа на САД.
Особено што Мицкоски му бил советник на Никола Груевски а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Никако да се извинат, никако да побараат одговорност, никако да понудат оставки.
Покрај вмешаноста во значителна корупција и криминал, новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија.
Дали токму оваа фирма на Груевски е причината за молкот на Мицкоски?
Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за оваа фирма?
Мицкоски треба да излезе во јавноста и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека седиштето и се наоѓа во мало населено место во близина на Будимпешта?
Дали и самиот тој стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па затоа со молчење се обидува да го одбрани својот шеф?
Мицкоски мора да излезе пред граѓаните и да даде одговор на овие прашања.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се уште е истата криминална и режимска партија која 11 години државата ја држеше во заложништво.
Титаник, Талир, Тврдина, Тенк…. криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со сведоштва, со бројни судски пресуди и предмети како и извештаи од релевантни меѓународни организации.