fbpx

Шефот на Мицкоски осуден за Плацови на Водно, потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска македонската јавност ги слушна пресудите во случајот „Плацови на Водно“.

Уште еднаш е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е осуден на казна затвор од седум години.

Во судски процес, потврдени се криминалните шеми и злоупотреби на Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски.

Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Крималот за којшто има судска пресуда е правен и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.

По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.

На тој истиот Груевски, Христијан Мицкоски му беше десна рака, советник во Владата а потоа и генерален секретар во партијата.

Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ е потврден со признанија на партиски функционери пред судовите, со ефективни судски пресуди, со Црната листа на Стејт Департментот и со бројни меѓународни извештаи.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, не слушнавме ниту оградување, ниту извинување до граѓаните ниту пак некогаш Мицкоски повика на одговорност.

По сето ова, Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Последни вести