Соопштение за јавност
Потести пред затворите во Прилеп и Штип, на петгодишнината од крвавиот четврток, покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ не се променила. До денеска ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилствата и насилниците од 27 април.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители и бараат нивно ослободување.
Срамно е да се тврди дека тие биле осудени само затоа што биле Македонци како што тврди првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски, уште посрамно е да се тврди дека некој бранел Устав со насилен упад во Собрание вооружен со метални палки и огнено оружје.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата насилничка и режимска партија која е на браникот на криминалот.
А насилници никогаш нема да бидат уставобранители.