fbpx

Над 16.000 матуранти се во неизвесност поради политизација на штрајкот на СОНК

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Над 16.000 матуранти се во неизвесност заради политичката агенда на раководството на СОНК.

Од нив околу 10 отсто или околу 1.600 не го поминале првиот дел од државната матура и не можат да полагаат испити во јуни. Загрозени се и уписите на оние матуранти кои своето школување планираат да го продолжат во странство и сето тоа само заради уценувачкиот однос на раководството на СОНК.

Раководството на СОНК одби ново предложено зголемување на платите во образованието и детската заштита за 12 отсто и тоа во време на светска економска и енергетска криза.

СДСМ во образованието во изминатите 3 години во три наврати ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.

Уцените и политичкото делување на раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.

Учениците мора да се вратат на наставата која толку им е потребна.

Правото на образование на децата е уставно загарантирано и не смее да се дозволи заради политичка агенда да им се загрозува.

Последни вести