Прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски освен неконструктивност не покажува ништо друго, нивната единствена цел е политички профит по секоја цена.
Опструкции, мотивирање на протести во криза и дестабилизација се единствено што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат и сакаат да понудат.
Таквите понуди нека си ги чуваат за себе, бидејќи не се за граѓаните
Денешната прес-конференција на Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш на штета на интересите на граѓаните.
Прес-конференцијата на Мицкоски требаше да се одржи за судските пресуди против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за црната листа на САД, кој го потврдуваат степенот на криминал во неговата партија.
Мицкоски не треба да нуди неспособни тимови составени од бројни соработници на Никола Груевски и лица против кои се водат судски процеси.
Доволно е кај него и во раководство на ВМРО-ДПМНЕ да има свест и доблест, да не отежнуваат и блокираат во услови кога Владата се бори со економски кризи веќе трета година по ред.
Неговиот тим на градоначалници е вистинска слика и прилика што може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ како власт што е еднакво на катастрофа.
Општините кои тој ги нарекува „слободни територии“ во суштина се поле за груба партизација на институциите со кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата е фокусирана на менаџирање на кризата и заштита на стандардот на граѓаните и средба во моментов воопшто не е потребна.
Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и тоа прашање е затворено.