Внатрепартиски избори за избор на Претседател и членови на органите на СДММ
Со одлука на Извршниот одбор на СДММ од 20.04.2022 и одлуките на Централниот одбор од 26.04.2022 година, се објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДММ и отпочнува постапка за избор на членови на органите на СДММ, чиј избор ќе се изврши на 13.05.2022 година (петок).
По одржување на седницата на ЦО на СДММ на ден 26.04.2022 година на која се донесе Одлука за распишување на внатрепартиски избори и за критериумите и постапката за избор на Претседател на СДММ и за членовите на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор, како и Правилник и Роковник за спроведување на истите, ИО на СДММ согласно овластувањето од Централниот одбор на СДММ ги утврди следните критериуми и начин за спроведување на постапката.
- ПОСТАПКА И НАЧИН
- Постапката за избор на Претседател на СДММ започнува со самокандидирање и доставување на Програма за работа на кандидатот за Претседател на СДММ, пријава за кандидатура, кратка биографија и изјава за почитување на етичкиот кодекс на СДСМ. Постапката за избор на членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор започнува со состаноци по месните клубови и состаноци на ИО на ЛК на СДММ. Претседателот на ЛК на СДММ е должен да ги извести членовите и да свика состаноци по месните клубови за започнување на постапката за избор на Претседател на СДММ и членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор.
- Предлог кандидати за носители на функции на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор се предлагаат на состаноците на месните одбори и се разгледуваат од страна на ИО на ЛК на СДММ.
- По завршување на состаноците по месните одбори, ИО на ЛК на СДММ ја евидентира предлог листата за Претседател на СДММ, членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДММ, доставени од месните одбори на ЛК.
- Евидентираната предлог листа за носители на функции на органите на СДММ,Централен и Надзорен одбор, ИО на ЛК на СДММ ја испраќа на разгледување до ИО на СДММ.
- Утврдената предлог листа за носители на функции на органите на СДММ,Централен и Надзорен одбор, ИО на СДММ ја доставува до Конференцијата на СДММ.
- КРИТЕРИУМИ
а) Критериуми за кандидирање и избор на Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија(СДММ)
Кандидатите за Претседател на СДММ треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина,
- да се истакнати членови на СДММ кој со својот досегашен партиски ангажман имаат препознатлив придонес за СДММ и СДСМ,
- да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДММ,
- да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДММ на централно и локално ниво,
- да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап,
- да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги,
- да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат.
Кандидатот за Претседател на СДММ, покрај исполнувањето на горенаведените критериуми е должен на почетокот на изборната постапка согласно Роковникот, да достави програма за работа за двегодишниот мандат,кратка биографија,пријава за кандидатура како и потпишана изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ.
б) Критериуми за кандидирање и избор на членови на Централен и Надзорен одбор на СДММ
Кандидатите за избор на членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор, како и делегатите на Конференцијата на СДММ, треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- да уживаат авторитет, углед и доверба во нивната средина,
- да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДММ,
- да имаат силно изразени политички и организациони способности, да имаат способност за тимска работа,
- да бидат подготвени за користење современи методи и технологии за работа,
- да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги.
ОБРАЗЕЦ – Пријава за самокандидирање за кнадидат за претседател на СДММ (ЛИНК)
** Сите потребни документи, Локалните клубови треба да ги испратат на izbornakonferencija2022@gmail.com.