Соопштение за јавност
Да седнеме како одговорни политичари и да преземеме одговорност за системско решение за Законот за Јавно обвинителство, бидејќи тоа е аргумент плус за европската интеграција, порача претседателот Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.
– Треба сите да понесеме одговорно, да преземеме чекори и да го донесеме Законот за јавно обвинителство ако не пред, тогаш да го донесеме и по изборите, какви да се состојбите п изборите сепак тоа останува наша обврска бидејќи е двотретински закон, а можеме тоа да го направи сега, додека работи парламентот па да и дадеме плус аргументи на ЕУ, за да осигураме позитивна идна одлука на Европскиот совет. Иако тоа е не услов не е дел од Извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент плус, но најголемиот аргумент за сите нас е тоа што овој закон е последниот од структурните закони во делот на правосудството, за после тоа да може да очекуваме максимална имплементација за законите од правосудството, а со тоа да ги подобриме и состојбите во правосудството, порача претседателот Заев.
Не би сакал, дополни Заев, политичарите да бираат судии и обвинители, туку да дадеме шанса на професионалците.
Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот Заев истакна дека СДСМ е политички субјект кој оставил влог за коалиции со сите политички партии кои работат во интерес на државата.
Остануваме отворени за соработка со сите, затоа што ние веројатно сме единствениот политички субјект кој заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, денес да може да соработуваме со сите, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нормално, едната партија е власт а другата опозиција. Секако ние прво ќе носиме одлука што е најдобро за државата, а потоа и за тоа како е најдобро СДСМ да се позиционира во пресрет на победата што ја очекуваме. Подготвен сум да разговарам со сите за евентуални идни соработки, а во тие разговори интересите на државата да ги ставиме на прво место, заклучи претседателот Заев.