fbpx

На Мицкоски поважен му е имотот на партијата отколку Законот за ЈО, затоа на 12 април граѓаните повторно ќе го поразат ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија се уште е во криминалната матрица на Груевски. 

Мицкоски, Законот за Јавно обвинителство го поврзува со имотот на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив. 

На Мицкоски поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, важни за напредокот на државата.

Тоа е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е управувана од Груевски од Будимпешта.

Граѓаните ќе го ценат ваквиот неодговорен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон државата и институциите и на 12 април ќе им испорачаат нов изборен пораз.

На 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе

 

 

Последни вести