Соопштение за јавност
Криминалот и корупцијата се експертизата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е потврдено со бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ пред судовите треба да ја дава својата експертиза.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкциите, со блокадите, Мицкоски не знае што прави, целосно се изгуби, покажува немоќ и деструктивност.
Избори ќе има во 2024 година и тоа е затворено прашање.