fbpx

Честитка на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ: Рамазан Бајрам е подадената рака за меѓусебно почитување и помагање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, на граѓаните од исламска вероисповед, како и на поглаварот на ИВЗ, Реис-ул улема Шаќир Ефенди Фетаху, им упати честитка по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

“Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам и ви посакувам прифатен пост, здравје, спокој и благосостојба.

По светиот месец на постот, времето на молитва, Рамазан Бајрам претставува празник на солидарноста, меѓусебното помагање и верба во се она што е добро и правилно.

Рамазан Бајрам е подадената рака за соживот, за меѓусебно почитување и помагање.

Нашето заедништво и обединување околу вистинските човечки вредности да ја зацврстуваме секој ден како наш заеднички влог за заедничко утре и општо добро.

Посакувам овој голем празник да го прославите во добро здравје, мир и благосостојба со своите најблиски“ се вели во честитката на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Последни вести