fbpx

Претседателот Ковачевски: Парламентарното мнозинство е стабилно, избори ќе има во 2024 година

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Парламентарното мнозинство е стабилно, со оглед на тоа дека неговата поддршка е поголема во однос на претходната влада, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

„На една страна имаме парламентарно мнозинство кое има јасна западна ориентација, која едногласно го поддржа усогласувањето на нашата политика со ЕУ, едногласно го осуди нападот на Русија врз Украина и едногласно ги донесе и се уште ги носи антикризните мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Тоа е парламентарно мнозинство кое уште сега се подготвува за најтешката зима што ја очекува Европа по Втората светска војна. Од друга страна имаме политички партии што заговараат активна соработка со Путин. Тоа е основната разлика во стратешката ориентација меѓу тие две коалиции – владината коалиција која е западно ориентирана, ориентирана кон заштита на стандардот на граѓаните и од друга страна коалиција која е ретроградна, неодговорна и се грижи единствено за своите политички поени во време на најголемата економска криза.“ порача претседателот Ковачевски.

Ковачевски истакна дека сега не е време за предвремени парламентарни избори, дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година, додавајќи дека и анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромно мнозинство од граѓаните не се за одржување на предвремени избори во овој момент.

Последни вести