Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска во Охрид промовираше проекти на СДСМ.
Овој проект што го промовираше Мицкоски за фекална канализација во Лескоец, како и проектот за реконструкција на улиците, односно сите проекти од Југозападниот плански регион, се изработени, подготвени и поднесени за финансирање од поранешниот градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски.
Тоа охриѓани многу добро го знаат.
Исто како што знаат дека реконструкција на улиците “Кеј Македонија”, “Јане Сандански” “Марко Цепенков, „Македонска бригада”, „Прва македонска ударна бригада”, улиците во населбата „Христо Узунов”, улицата што минува низ поранешната касарна, изведба на тротоари и патеки на улицата „15 Корпус”, сервисни улици во повеќе села и населби, целосна реконструкцијата на улицата „Абас Емин” се сите реализирани од страна на минатата локална власт.
Знаат охриѓани и за реконструкцијата на средните и основни училишта во Охрид.
Мицкоски промовира проекти на СДСМ затоа што неговите градоначалници ништо не работат.
Вклучително и Кирил Пецаковски кој досега нема ниту еден проект за цели 6 месеци, не може ниту проектите на Георгиевски да ги заврши.