Соопштение за јавност
Блокирањето закони од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново, ние во Собранието имаме закони кои се блокирани две години, како што е Законот за служба во Армијата, Законот за наставници, органски Закон за буџети, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Телевизија Сител.
„Не се согласувам со таканаречен активен бојкот каде што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе бираат кој закон ќе го блокираат а кој не.Едно е да дадете ваше решение и да предложите подобро решение и да дискутирате, но сосема друго е да бојкотирате и да блокирате нешто по 20 месеци и да не се става на дневен ред. Тоа е класичен бојкот на Собранието, односно на одредени законски решенија. Во моментов има Закон за тутун каде што треба да се направи една измена на законот, односно земјоделците да немаат обврска да вадат од УЈП потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш после тоа да ги добијат субвенциите кои им следуваат. Таа измена уште не се прави“ порача Ковачевски.
Кога се зборува за бојкотирање на Собранието, додаде претседателот Ковачевски, не се бојкотира Владата или Собранието се бојкотираат и блокираат граѓаните и компаниите и други кои имаат интерес од законските решенија кои се носат, повикувајќи ги сите пратеници да бидат на висина на задачата, а Собранието да биде дом на демократијата.