fbpx

Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година во редовен термин, доволно беа избори на секои две години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во одговор на прашање за потребата од предвремени избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за Телевизија Сител порача дека изборите ќе се одржат во нивниот редовен термин.

„Јас веќе кажав дека избори ќе има во 2024 година, прво претседателски па парламентарни избори во својот редовен термин. Доста беа времињата кога во државата се правеа избори на само две години, кога економијата стоеше и кога единствено нешто што правеше владеачката партија, беше мерење на својот рејтинг и одење на избори и на крајот видовме како заврши целиот тој процес. Владата има полн легимитет и мандат, посветена е на решвање на проблемите и справување со предизвиците пред граѓаните и државата“ порача Ковачевски.

Претседателот Ковачевски, потсети дека уште на почетокот на неговиот мандат, прашањето со Република Бугарија не го врзувал со одредени датуми.

Последни вести