fbpx

Велковски: Најавената активна блокада не е ништо поразлична од она што ВМРО-ДПМНЕ го правеше изминатите години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тоа што беше најавувано како активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието, не е ништо поразлична од она што го правеше изминатите години, истакна пратеникот на СДСМ Диме Велковски во дебатната емисија „24 Отворено“ на телевизија 24.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска не успеаја во нивната блокада, дури и малку се збунија, предложувајќи амандмани, кои беа прифатени од владејачкото мнозинство.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во текот целиот ден во Собранието делуваа малку збунето, па предложија заменета точка да врати на дневен ред, предложија закон, па излегоа од салата и кога се сетија дека тоа е нивен закон се вратија, побараа одржување на јавна дебата која веќе е одржана, наведе Велковски.

Тој додаде дека опозицијата во изминатата година блокираше стотина закони со кои се унапредуваат правата и условите на граѓаните.

Опозицијата го блокира законот за армијата поднесен пред повеќе од една година, поточно на 08.02 2021, кој тогаш го блокираше со 2.000 амандамани, а сега предлага ист закон, законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование поднесен на 17.05.2021, во кој е втемелено она што го бараат наставниците не е влезен во процедура, рече Велковски.

Тој додаде дека законот за фотоволтаици поднесен пред 6-7 месеци беше изгласан вчера, законот за јавни патишта, поднесен пред локалните избори се усвои пред месец дена.

Навикнати сме на бојкотот на опозицијата, тој е ист како последните две години, нагласи Велковски.

Во врска со барањето за предвремени избори Велковски рече дека ако има 61 пратеник во собранието, тоа се распушта и се распишуваат избори.

Ние имаме програма, имаме проекти мораме да се соочиме со проблемите со светската економска и енергетска криза, за кои цел свет, цела Европа се обединува, затоа апелирам до опозицијата ако веќе не помагаат барем да не одмагаат, нагласи пратеникот на СДСМ Диме Велковски во дебатната емисија „24 Отворено“ на телевизија 24.

Последни вести