Соопштение за јавност
Аферата „Криминални парцели“ во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ.
Последните информации објавени во медиумите покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска.
Христијан Мицкоски, како прв човек на оваа партија треба да одговори каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа ВМРО-ДПМНЕ?
Овие сомнежи се базираат на информациите кои излегоа во јавноста дека станува збор за криминална шема.
Меѓутоа, неоспорен факт е дека речиси сите осомничени и обвинети во оваа афера имаат поврзаност со ВРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО-ДПМНЕ.
Орце Тодоровски е негов партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра.
Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата.
Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митроски, син на екс градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Во аферата „Криминални парцели“ направена е проневера на околу 1,6 милиони евра.
Клучно прашање е каде завршиле овие 1,6 милиони евра? Дали со нив е финансирана кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори или со нив бил спроведен поткуп?
Очекуваме истрагата да ги даде одговорите на овие прашања.