fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше проблемот со загадувањето, мерките на СДСМ за само 2 години обезбедија намалување на аерозагадувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, негрижата за граѓаните и проекти кои го поттикнуваа загадувањето придонесоа во државата да има енормно загадување во сите големи градови.

Токму Владата предводена од СДСМ е прва влада која не бега од проблемот со аерозагадувањето, напротив преку  бројни мерки и стратегии целосно се вложува во борба против загадениот воздух.

Бројките на мерните станици во Скопје и другите градови потврдуваат дека мерките против загадениот воздух даваат реални резултати. Само за две години, покажуваат интензитет на намалување на степенот на загадување и тренд на намалување на ПМ честичките во воздухот.

Истовремено, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоци за замена на нееколошките возила и интензивно се работи на гасификација.

Борбата против загадувањето бара континуитет.  Она што било игнорирано 11 години на негрижа, не можат да се промени преку ноќ, затоа постојано се реализираат бројни мерки на краток и долг рок кои веќе носат резултати.

Што мисли ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните доволно зборува речникот што го употребуваат нарекувајќи ја државата логор. Тоа е речникот на Никола Груевски, тоа е речникот на ВМРО-ДПМНЕ која работи на враќање на државата назад во режим и изолација.

Затоа ништо нема да им помогне да се спасат од извесниот пораз што ги чека на 12 април.

Последни вести