fbpx

Петровски на трибината „Агенда Млади 20-24“: Потребно е поголемо учество на младите во носењето на политиките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

  

 

Младите треба да бидат подобро информирани за да дадат поголемо учество во процесите, порача Бојан Петровски, претседател на Националниот младински совет на Македонија.

Потребно е носење на Закон за млади, потребно е да се уреди и младинското учество за да се подобри квалитетот на животот на младите. Во овој период е направено доста за младите и од страна на Владата и од страна на институциите, но сепак треба уште многу да се работи, порача Петровски.

Тој истакна дека медиумите мора да им отстапат повеќе место на младите, но и повика младите да бидат активни, да се информираат за сите мерки и проекти наменети за нив, но и да се придружат во процесот на носење одлуки.

Последни вести