Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, за емисијата „24 отворено“ на телевизија 24 истакна дека се очекува ребалансот на буџетот да биде донесен некаде на почетокот на јули, според процедурите што се однесуваат за расправа за ребаланост во комисијата за финансирање и буџет, која два дена не заседава поради отсуство на претседателот и потпретседателот на Комисјата кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Многу важно е да бидеме ефикасни во расправата и позицијата за поддршка на политиките што се нудат со ребалансот и од страна на опозицијата е потребна што поголема конструктивност и издржани амандами, рече Георгиевска.
Таа нагласи дека парламентарното мнозинство досега покажало отвореност за прифаќање на амандани за подобрување на овој најважен документ на државата и додаде дека издржани амандмани сигурно ќе бидат прифатени и од мнозинсто и од извршната власт.
Овој ребаланс е за преструктуриање на средствата, односно да се оптимизира каде треба да се насочат средствата, колку да се троши, каде да се крати, колку да се задржи за да биде буџетот ликвиден, односно обврските што ги има државата кон буџетските корисници да бидат подмирени, да бидат подмирени пензиите, платите, истакна Георгиевска, додавајќи дека во ребалансот се предвидени средства за усогласување на платите.
Многу е важно да не се шпекулира дека нема да има понатамошно усогласување на платите, тоа ќе се случува, но не може да се случува преку ноќ, туку да има постепено усогласување, рече Геогриевска.
Таа нагласи дека државата во првиот удар на кризата, кога владееше паника и незивесност кај граѓаните, презеде навистина драстични мерки за да излезе во пресрет на првиот ценовен шок по однос на енергенсите по однос на покачувањето на цените на основни продукти и инјектираше огромни средства од буџетот како економски мерки кои треба да помогнат на граѓаните, тоа се тие 26 мерки од 400 милиони ерва.
Дел од мерките продолжуваат и понатаму, како субвенционирањето на цената на електричната енергија за домаќинствата, меркта за најралнивите категории од 1000 денари за храна, наведе Георгиевска.
Она што сега се прави со ребаланост е повторно сериозни средства да се наменат за поддршка за граѓаните и стопанството директно преку таргетирани мерки, кои треба да помогнат за најранливите категори и се еднакво насочени и таргетирани кон граѓаните и стопанството. Во вакви услови ни треба солидарна економија, товарот да го поделиме сите подеднакво, а опозцијата да не прави паника, ова се времиња кога се спасува економија и се преземаат мерки да се помине со помали последици, порача пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, за емисијата „24 отворено“ на телевизија 24.