Соопштение за јавност
За заштита на стандардот на граѓаните и спречување нови ценовни шокови, од вчера ограничена е маржата за основните прехранбени производи.
За лебот, шеќерот и сончогледовото масло за јадење се утврдува трговска маржа до пет отсто на продажбата на мало и до пет отсто на продажбата на големо.
За брашното, јајцата, македонскиот ориз и тестенините, се утврдува продажна маржа до 10 отсто во трговијата на мало и големо.
Со оваа одлука која ќе важи до 30 септември 2022 година, се ограничува растот на цените на овие продукти во наредните месеци, со што се штити стандардот на граѓаните.
Во време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ покажува постојана грижа за сите категории граѓани.
По усвојувањето на ребалансот на Буџетот, следуваат нови таргетирани мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.
Преку ефикасни и навремени мерки и политики успеваме економијата да ја задржиме на стабилни основи и повеќе пари да завршуваат кај граѓаните.
Продолжуваме со вистинска грижа за нашата економија, за нашите сограѓани.