fbpx

Нови 3.769 хектари на располање за земјоделците, земјата во функција, обезбедуваме храна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, во време на ограничени производи на светските пазари, презема мерки за унапредување на земјоделството и зголемување на домашното земјоделско производство.

Дополнителни 3.769 хектари државни земјоделско земјиште преку два јавни огласи се ставаат на располагање на нашите земјоделци.

Земјоделците можат да добијат државно земјиште под наем до 70 години за одгледување на земјоделски култури за сточна храна, за подигнување на долгогодишни насади како лозја, овоштарници и оранжерии, поставување на пчелни семејства или рибници.

Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во месец март каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедија нови 2,7 милијарди денари кои ќе бидат наменети за исплата на субвенциите земјоделците.

Во услови на економска криза како никогаш досега се исплаќаат заостанати обврски од претходните години.

Преку Интервентниот фонд обезбедуваме субвенции за вештачки ѓубрива за одгледувачите на пченица, пченка, сончоглед и јачмен.

Со ребалансот на Буџетот обезбедени се нови 500 милиони денари во интервентниот фонд кои ќе бидат наменети за нови мерки кои ќе треба да им помогнат на земјоделците да ги надминат пазарните шокови со цел да произведат повеќе храна.

Сето ова почитувани, на дело ја покажува нашата вистинска грижа за земјоделците.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството како клучна гранка на нашето стопанство.

Последни вести