fbpx

По дебаклот на митингот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните јасно им порачаа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, дека не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори.

Слабиот одѕив, лошата организација, неуспешноста на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека граѓаните препознаваат дека нема ништо ново од Мицкоски.

Граѓаните порачаа дека се против блокада на државата во клучни моменти и против обидите да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза.

Мицкоски требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните.

Граѓаните знаат дека Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец нема друго да понуди.

Знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор не може да биде опција за иднината.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните.

Последни вести