fbpx

Богоев: Избори во 2024 година, дотогаш фокус на економијата и справување со кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потрпетседателот на СДСМ Стефан Богоев во вестите на телевизија Сител, вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како партиски, без некоја спектакуларна бројка на присутни, со повторување на едни исти фрази.

Пораките горе – доле беа вообичаените, немаше нешто посебно што се кажа, со исклучок на онаа изјава на Мицкоски дека додека е тој Бугарите нема да влезат во Уставот, што според мене е чудно и малку нејасно како изјава, бидејќи токму Мицкоски имаше одредени изјави изминатите денови и недели, каде велеше „Бугарите во уставот, само ако нема понатамиошни условувања“, рече Богоев, додавајќи дека истиот став го повторија и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Николоски и Муцунски и затоа е нејасно ваквото нагло вртење.

Богоев додаде дека другите пораки на протестот на опозицијата не беа ништо ново излитени фрази, повторување на едно исто, во една ситуација кога светот е во криза, која се рефлектира и кај нас.

Кога гледаме како во светот позиција и опозиција се обединуваат чудно е како опозицијата си дозволува луксузи во вакви тешки времења, наместо да нуди нешто конструктивно оди со истите фрази и од друга страна навистина е чудно како ВМРО-ДПМНЕ си дозволува ваков луксуз во време на криза, кога знеме дека еден таков митинг, на кој се носат луѓе од страна чини 200 – 300.000 евра, нагласи Богоев.

Тој нагласи дека нездраво, нелогично и несериозно во овој период да се разговара за предвремени избори, додавајќи дека оваа тема е затворена со денешната владина коалициска средба и усвоената Декларација.

Немаме намера да разговараме за предвремени избори, зборуваме за економски мерки за справување со кризата, а според изборното законодавство 2 месеци пред избори и 1,5 по избори, односно 4 месеци, активностите на владата се регулурани со закон, не смеат да се прават измени на јавни набавки, нешто не смее да се набавува, додека собранието е распуштено, кој ќе ги донесе мерките, како техничка влада ќе споревудува мерки, истакна Богоев, додавајќу дека крајно нелогично е сега да има избори, најмалку што треба се врзани раце на собрание и влада во период кога треба да се помага на граѓаните и државата.

Во врска со најавите на опозицијата за блокирање, Богоев нагласи дека вон здрав разум се такви изјави и најави во најтешка економска криза по втората светска војна.

Нерзаумно е барањето за избори, а според мене сулудо и ненормално е најавата за блокирање на институции на држава во ваква криза, не само што бараат избори за да се блокира системот, туку Мицкоски се заканува дека ќе блокира на други начини. Каде им е тешко на граѓаните, во криза, уште замислете ќе блокира патиша, инстутуции, уште толку да го отежне секојдневието на сите, нагласи Богоев.

Тој рече дека граѓаните очекуваат мерки и политики, кои ќе им помогнат во нивното секојдневно живеење, и разбираат дека владата, како и владите на другие држави е затекната во една ваква ситуација да мора да се снаоѓа во една светска енергетска и економска криза.

Граѓаните се муди сфаќаат дека е светска криза и мислам дека тоа го препознаваат и не се лепат на политичката приказна на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се продолжи со мерки, и се продолжува, кога имаше мерки опозицијата ги критикиуваше, кога завршија ги бара назад, порача потрпетседателот на СДСМ Стефан Богоев во вестите на телевизија Сител.

Последни вести