fbpx

ВМРО-ДПМНЕ одговорност да побара од Мицкоски кој ги рушеше државните позиции со Бугарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ за одговорност треба да погледне во своите редови и да побара одговорност од Христијан Мицкоски.

Токму Мицкоски ги рушеше државните позиции со Бугарија, во клучен период од евроинтегративниот процес на државата.

Во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции.

Ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, се однесува срамно, неодговорно и недозволиво, Владата предводена од СДСМ ги заштитува државните и националните интереси.

Во решавањето на прашањата со Бугарија, не се отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии.

Најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е да им се извини на граѓаните за тешките лаги што ги пласира и да побара одговорност од Мицкоски.

Последни вести