Соопштение за јавност
Европската унија упати порака дека очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.
Тоа го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир во неговото вчерашно обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија- ЕУ во македонското Собрание кој наведе дека пензионирањето на голем број судии останува предизвик.
Јасна е пораката дека ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни, не само за државата, туку и во однос на членството во Унијата.
Ова предизвикува уште поголем очај кај ВМРО-ДПМНЕ, кој не бира средства во обидите да го блокира законот, со цел да ја попречи правдата, да го одбрани криминалот на своите сопартијци.
Во својата жестока одбрана на криминалот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа инциденти на Комисијата за европски прашања.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем, но залудно, одговорност за секој криминал ќе има.